Во државава досега од почетокот на годината е регистриран само еден случај на заболено лице со морбили, додека состојбата во регионот е далеку посериозна со оглед на бројот на заболени во Србија, Хрватска, Босна, каде според тамошните медиуми, ситуацијата е таква поради ниската опфатеност со вакцинација.

Првиот случај на заразено дете со морбили во Македонија беше пријавен на Одделението за вирусологија при Институтот за јавно здравје во Скопје на 7 јуни. По добиените пријави, епидемиолошки тим изврши увид на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.

Се работи за шестгодишно дете од село Лабуништа, Струга. Според податоците добиени од лабораторијата, направено е серолошко тестирање за мали сипаници со добиен позитивен резултат со IgM. Исто така, со PCR  е детектирана RNA на мали сипаници. Детето е невакцинирано со МРП-вакцина. Живее во шестчлено семејство, а помалата сестра е со присутна температура и исип пред една недела. Родителот дава податок за сомнителен контакт, сосед кој прележал „сипаници“. Не посетува градинка или училиште и не патувале во странство седум до 23 дена пред почетокот на исипот, информираа тогаш од ИЈЗ.

Во Охрид и Струга овој период нема нови пријавени случаи, освен еден во Струга, велат од Центарот за јавно здравје.

Нема регистрирано нови случаи со мали сипаници во Охрид и Струга, вели прим. м-р сци д-р Јованка Стурлакова Коровешовска, спец по епидемиологија.

Малите сипаници (морбили) се акутно високо контагиозно вирусно заболување

Клиничките манифестации на болеста започнуваат по инкубационен период од 10 -12 дена. Болеста започнува со катарален период кој најчесто трае 1-2 дена, вели Стурлакова Коровешовска.

Се јавува во овој период кашлање, болка или гребење во грлото, течење од нос, коњуктивит и покачена температура која достигнува 38,5 – 390 С. На мекото непце се јавува копликови пеги во вид на ситни бели точки  кои личат на зрна од гриз. Оваа слика на катаралниот синдром е познат како плачна маска. По кратко период  на субфебрилност,  повторно со покачува темтературата 39 – 400 С и започнува исипниот стадиум со макулопапулозен исип. Исипот се јавува најпрво зад ушит и лицето. Потоа се шири по телото и накрај екстемитетите (феномен на туширање). Исчезнувањето на исипот е по истиот редослед како и што се јавил, а со тоа исчезнуваат и другите симптоми.

Пренесувањето на вирусот на морбилите од болниот на здрави лица се остварува по воздушно – капков пат.

Поретко може да се пренесат морбилите по директен пат (со бакнување) и индиректен пат преку свежо  контаминирани предмети. Најдобра заштита е вакцинацијата. Детето треба да се вакцинираат на 1 година и ревакцинира на 6 години, потенцира Стурлакова Коровешовска.

При појава на заболување потребна е изолација најчесто во домашни услови. Заболените повозрасни особи имаат потешка клиничка слика и почести компликации (бронхопнеумонија).

Висок степен на опфатеноста со вакцинација за МРП во Охрид и Струга

Стурлакова Коровешовска истакннува дека висок е степенот на опфатеност со вакцинација за мали сипаници во Охридско-струшкиот регион.

Опфатот со МРП примовакцина во 2023 година во Охрид  е 71 %, а ревакцината 83%. Во првото тромесечие на 2024 година  опфатот со примовакцината е 73% и ревакцинација 72%. Во Струга во 2023 година опфатот со примовакцината е 99,9 %, а со ревакцинација 95,26%. Во првото тромесечие на 2024 година опфатот со примовакцината е 65% и ревакцината 68,46%, посочува.

Изминативе месеци карактеристична е и појава на овчи сипаници, а најголем број на пријави на заболени во Центарот за јазвно здравје Охрид се доставени во март -73, април – 101 и мај – 53.

Во јуни пријавени се 9 заболени со овчи сипаници, информира Стурлакова Коровешовска.

Инаку, на ниво на држава во 2023 година опфатот со МРП вакцинација бележи зголемување во однос на 2022 година (70,7%), но сè уште има низок опфат од 73,4 отсто што е далеку од препорачаниот опфат од 95 отсто.

Н.С.Ј.