Машката ракометна репрезентација на Македонија загуби и во вториот натпревар од групната фаза на Европското првенство и ги загуби шансите за пласман понатаму.

Вечерва во “Мерцедес бенз” арената во Берлин домаќинот Германија славеше убедлива победа од 25:34 (13:18).

Квалитетот очигледно беше на страна на Германија која во моментов е пресилен противник за нашата репрезентација која и на овој меч направи премногу технички грешки кои противникот немилосрдно ги казнуваше.

Во последното коло, за два дена, Македонија се среќава со Швајцарија која денеска и откина бод на Франција играјќи нерешено 26:26.

На табелата во групата А води Германија со 4 бода, пред Франција со 3, Швајцарија 1 и Македонија 0.

Г.М.