Натпреварите од вториот ден на Европското првенството во спортската сала “Билјанини Извори“ во Охрид беа одиграни во вонредни услови.
Откако откажа напојувањето на електричната енергија вклучен беше агрегатот кој спортската сала го набави токму за вакви ситуации.
Агергатот “одговори“ на потребите па натпреварите се одиграа без дополнителни проблеми.
Набавката на агрегатот во салата „Билјанини извори“ извори се покажа како добар организациски потег со што не се дозволи дефектот во електро мрежата да влијае на текот на Европското првенство.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com