„Никој не не сметаше за фаворит и тоа беше добро за нас, рече селекторот на Русија Дејвид Блат (фото). За мене најважен е само ставот односно пристапот кон играта. Никогаш не се предаваме“ изјави тој.
Иако Шпанците и воопшто беа први фаворити на турнирот, сепак на крај само сребро за нив. Шесто во нивната историја. Никогаш не биле први. Во финалниот натпревар нивниот најдобар играч Пау Гасол не играше на високо ниво, промаши многу слободни фрлања и слабо асистираше. Го промаши и последниот шут со кој Шпанија можеше да победи.
Од друга страна, неговиот ривал Русинот Андреј Кириленко беше вистински лидер на тимот и заслужено е прогласен за најдобар играч на првенството.
Првенството беше успешно и за Литванија која е трета – ја победи Грција во малото финале 69:78
Следното европско првенство ќе биде за две години во Полска.