Фудбалерот на Манчестер Јунајтед и португалската репрезентација Кристијано Роналдо се пожали на повреда. Последниот трениг на Португалците заврши без најдобриот европски фудбалер, кој почувствувал болки во десниот зглоб на ногата. Сè уште не е јасно дали станува збор за сериозна повреда, но со сигурност ова е загрижувачки за селекторот Луис Фелипе Сколари. Португалија на отварањето на ЕП во сабота ќе игра против Турција.
Фудбалерот на Милан Метју Фламини го менува Патрик Виеира во составот на триколорите. Членот на Интер поради повреда на ногата ќе го пропушти ЕП. Виера се повреди на петочниот тренинг и нема да биде подготвен до почетокот на шампионатот. Селекторот на “триколорите” Рејмонд Доменек во репрезентацијата на местото на Виеира го повика Фламини кој на почетокот на летниот преоден рок како слободен играч го напушти лондонски Арсенал и ги засили “росонерите”. Триколорите првиот натпревар го играат во Понеделник против Романија