Фудбалската репрезентација на Украина ги продолжи неуспесите на Македонија во квалификациите за Европското првенство во Франција победувајќи ја на „Филип Втори“ со 2-0.
„Црвено жолтите“ пред своите гледачи го претрпеа осмиот пораз во деветтиот натпревар во квалификациите што е најслаб учинок во историјата.
Последниот натпревар на домашен терен во квалификациите за ЕП значеше крај и за капитенот Томе Пачовски кој се прости од репрезентацијата.
Најлошите квалификации македонската репрезентација ќе ги заврши со гостувањето во Белорусија во последната десеттата рунда.
Мх.П.