Уефа очекува секој натпревар од ЕП во Австрија и Швајцарија да го следат повеќе од 150 милиони луѓе.

Минатото ЕП во Португалија на ТВ го гледале вкупно Осум милијарди луѓе, а поради растот на популарноста Уефа очекува поголем број луѓе да седнат пред малите екрани и да гледаат фудбал.

Натпреварите ќе бидат снимени со 30 камери,од која една од хеликоптер.

Покрај тоа на теренот ќе има дополнителни 16 камери кои ќе ги снимаат движењата на играчите.

На аглите од теренот ќе бидат поставени вкупно 12 микрофони.

ohridnews