Македонската фудбалска репрезентацијата со сигурен триумф против Летонија (3-1) ги отвори квалификациите за пласман на Европското првенство следната година.

„Црвено жолтите“ со победата на Националната арена „Филип Втори“ на најдобар можен начин му го честитааа јубилејот на капитенот Горан Пандев, кој по јубилеен 100-ти пат го носеше дресот на А репрезентацијата.

Токму славеникот Пандев беше творец на водечкиот погодок за нашата селекција во 11-та минута од натпреварот. Капитенот асистираше до Езџан Алијоски кој со силен удар успеа да го надмудри гостинскиот голман. Во 29-та минута, Македонија го дуплираше водството. Елиф Елмас кој влезе на местото од повредениот Ферхан Хасани со дебитанскиот погодок донесе капитална предност од 2-0.

Во второто полувреме, нападите на македонската репрезентација стишија, а летонците полека почнаа да ја преземат контролата на мечот. Иницијативата на летонците вроди со плод во 87-та минута кога Вјачеславс Исајевс намали на 2-1. Сепак, последниот збор на мечот го имаше Елмас. 19-годишниот фудбалер со вториот погодок кој го постигна на маестрален начин стави точка на победата.

А репрезентацијата во втората рунда ќе ги одмери силите со Словенија ремизираше со Израел (1-1) во воведниот меч од квалификациите.

Фото: Екипа.мк
OhridNews