Селекцијата на Полска го задржа максималниот ефект во групата во која се наоѓа Македонија совладувајќи ја репрезентацијата на Израел со 4-0 на домашен терен, додека Словенија стигна до првиот триумф победувајќи ја Латвија со 5-0.

Полјаците по тешкиот триумф во Скопје се „распукаа“ пред своите гледачи и прокнижија лесни бодови на табелата. На сличен начин до победата стигна и Словенија која немаше посакуван почеток во квалификациите. „Змајчеките“ до сефте триумфот дојдоа со пет парчиња во мрежата на противникот.


Сепак, сите почести вечерва ги заслужи селекцијата на Косово, која со 3-2 славеше против Бугарија во Софија. Косовските фудбалери поведоа со 1-0, потоа губеа со 2-1, но на крајот со два голови направија пресврт и ги зграпчија бодовите.

Резултати:

Група А: Бугарија – Косово 2-3, Чешка – Црна Гора 3-0

Табела: Англија 6, Чешка 6, Косово 5, Црна Гора 2, Бугарија 2

 

Група Б: Србија – Литванија 4-1, Украина – Луксембург 1-0

Табела: Украина 10, Луксембург 4, Србија 4, Португалија 2, Литванија 1

 

Група Д: Данска – Грузија 5-1, Република Ирска – Гибралтар 2-0

Табела: Република Ирска 10, Данска 5, Швајцарија 4, Грузија 3, Гибралтар 0

 

Група Ф: Фарски Острови – Норвешка 0-2, Малта – Романија 0-4, Шпанија – Шведска 3-0

Табела: Шпанија 12, Шведска 7, Романија 7, Норвешка 5, Малта 3, Фарски Острови 0

 

Група Г: Македонија – Австрија 1-4, Латвија – Словенија 0-5, Полска – Израел 4-0

Табела: Полска 12, Израел 7, Австрија 6, Словенија 5, Македонија 4, Латвија 0

OhridNews