Селекцијата на Турција забележа голем триумф пред своите гледачи совладувајќи го Светскиот шампион Францијс со 2-0 во третата рунда од квалификациите за пласман на Европското првенство.
Турците комплетно ја надиграа француската репрезентација која не прикажа ништо од својот репертоар. Домаќините првиот удар на „триколорите“ им го зададоа во 30-та минута кога Каан Ајхан го отвори резултатот. Десеттина минути следуваше нов, откако Ченгиз Унгер погоди за 2-0. Негативата не ги разбуди французите кои продолжија со анемичната игра и заслужено со празни раце заминаа од Турција.
Резултати:
Група Ц: Естонија – Северна Ирска 1-2, Белорусија – Германија 0-2
Табела: Северна Ирска 9, Германија 6, Холандија 3, Естонија 0, Белорусија 0
Група Е: Хрватска – Велс 2-1, Азербејџан – Унгарија 1-3
Табела: Унгарија 6, Хрватска 6, Велс 3, Словачка 3, Азебејџан 0
Група Х: Исланд – Албанија 1-0, Молдавија – Андора 1-0, Турција – Франција 2-0
Табела: Турција 9, Франција 6, Исланд 6, Албанија 3, Молдавија 3, Андора 0
Група И: Русија – Сан Марино 9-0, Белгија – Казакстан 3-0, Шкотска – Кипар 2-1
Табела: Белгија 9, Русија 6, Шкотска 6, Кипар 3, Казакстан 3, Сан Марино 0
Група Ј: Ерменија – Лихтенштајн 3-0, Финска – БиХ 2-0, Грција – Италија 0-3
Табела: Италија 9, Финска 6, Грција 4, Бих 4, Ерменија 3, Лихтенштајн 0
OhridNews