Македонската ракометна репрезентација го завери петтото учество во низа на Европските првенства и го задржа првото место во групата во пресрет на последното коло во квалификации совладувајќи ја Турција со тесни 26-25 (11-13). Македонија во историјата има шест учества на собирите на најдобрите репрезентации од Европа.
„Црвено жолтите“ добро го отворија мечот и стекнаа висока предноста од четири погодоци (7-3), но дозволија противникот до крајот на првиот дел да се врати во игра и на одмор да замине со два голови позитива (13-11).
На половина од второто полувреме, нашите ракометари ја анулираа предноста на домаќините и го презедоа водството. Разликата варираше од еден до два голови, а во финишот Македонија влезе со позитива од еден погодок. Во последниот напад Македонија не реализираше, а Никола Митрески со одбрана после истекот на 60-та минута го зачува минимално водство и донесе победа за нашата селекција.
Во последната рунда од квалификациите за ЕП, Македонија ќе се сретне со Грција и со било каков триумф ќе го зачува лидерското место на табелата кое ќе и донесе подобра позиција во ждрепката.
OhridNews