Светскиот првак Италија, се пласираше во нок-аут фазата и во 1/4 финалето на ЕП ќе игра против Шпанија.

Како по ноти го одиграа мечот “аѕурите“ кои во 25 минута од пенал преку Пирло дојдоа во предност. Лука Тони беше соборен во казнетиот простор, по што црвен картон заработи Абидал.

По еден час игра разрешено беше прашањето околу конечниот победник. Даниеле Де роси биеше, топката се одби од Тиери Анри и заврши зад грбот на Грегори Купе. (2-0) Италија.

Холандската машинерија продолжува да меле. Не успеаа Романците да го издржат притисокот и на крајот мораа спортски да подадат рака.

Клас Хунтелар и Робин Ван Перси беа стрелци на головите во вториот дел. (2-0) Холандија.

ВО 1/4 кое се игра во Недела 20.45 Италија ќе игра против Шпанија. Противник на Холандија ќе биде Русија или Шведска.

М.П