Со погодокот на Бесарт Абдурахими во судиското продолжение македонската фудбалска селекцијата го совлада Луксембург 3-2 и ги прокнижи првите бодови во квалификациите за Европското првенство во Франција.

Македонија до првата победа во квалификациите стигна со пресврт во вториот дел откако во првиот имаше негатива 2-1.

„Црвено жолтите“ поведоа со 1-0, но застанаа, а гостите со два погодоци во низа го замолкнаа „Филип Втори“.

Во вторите 45 минути измените, а посебно Абдурахими внесоа свежа крв во репрезентација која донесе подобар „крвоток“ во играта.

Најпрво изнуди најстрога казна, која ја реализираше Адис Јаховиќ. Потоа со спектакуларен погодок во 92-та минута донесе победа и радост во македонскиот национален состав.

Во третата рунда репрезентацијата на Македонија и гостува на селекцјата на Украина која совлада Белорусија со 2-0 во второто коло.

Фото : Спортмедиа
Мх.П.