Македонската кошаркарска репрезентација со минимален пораз од Црна Гора 81-80 го започна Евробаскетот во Словенија.
Покрај репрезентативците кои прокоцкаа предност од седум поени на 100 секунди до крајот на мечот за поразот виновни се и судиите на чело со Италијанецот Гуерино Черебух кој не ги потврди поени досудени од полјакот Томаш Травицки.
Во последниот напад по ударот за два на Мекклејб еден од кошаркарите на Црна Гора недозволено ја тргна мрежичката од кошот. По сите правила на кошаркарката тоа значат поени, но според оние на Черебух не и избраниците на селекторотот Алеш Пипан го претрпеа првиот пораз во групата.
Во македонскиот состав најпрецизен беше Лестер Бо Мекклејб со 23 кошеви. Меч за паметење одигра Дамјан Стојаноски постигнувајќи 19 поени. Најефикасен во победничкиот табор беа Рајс и Шеховиќ кои уфрлија по 16 поени.
Македонија во второто коло од групата ќе се сретне со Литванија, која вечерва игра против селекцијата на Србија.
Мх.П.