Селекцијата на Исланд најде лек за Португалија и ја совлада во втората рунда од главната фаза, додека Норвешка продолжи да ниже победи на ЕП откако славеше против ко-домаќинот Шведска.
Исланѓаните во мошне неизвесен и интересен натпревар подобри беа од португалците кои испуштија шанса со победа сериозно да се замешаат во трката за пласман во полуфиналето.
Селекцијата на Норвешка не запира и во победничкиот лист ја додаде Шведска. Норвежаните победија со 23-20 и уште само теоретски останува да го заверат билетот за ТОП 4.
Рамо до рамо на втората позиција на табелата се Унгарија и Словенија. Унгарците се израмнија со Словенија по победата во меѓусебната пресметка (29-28).
Резултати:
Португалија – Исланд 25-28
Словенија – Унгарија 28-29
Новешка – Шведска 23-20
Табела: Норвешка 6, Унгарија 4, Словенија 4, Исланд 2, Португалија 2, Шведска 0
OhridNews