Репрезентацијата на Србија е првиот полуфиналист на ЕП кое се игра во Полска. Избраниците на Дуда Ивковиќ со 79:68 (21:24, 20:4, 13:15, 23:25) ja совладаа Русија. Урош Трипковиќ со 18 поени ги предводеше  “орлите“ до елиминацијата на европскиот првак.


Со оваа победа и пласманот меѓу најдобрите четири Србија обезбеди пласман на наредното СП кое 2010 г се игра во Турција. За влез во финалето Србија ќе игра со победникот од дуелот Хрватска – Словенија.

ohridnews