Словачката фудбалска репрезентација ги освои трите бодови на „Филип Втори“ победувајќи ја Македонија 2-0 во четвртата рунда од квалификациите за ЕП во Франција.
На словаците им беа доволни само 40 минути игра да ги решат дилемите околу победникот кога постигнаа два погодоци.
Прв мрежата на „црвено жолтите“ ја начна Јиржи Кучка во 25-та минута, а во 38-та предноста ја дуплираше Адам Немец.
Избраниците на селекторот Бошко Ѓуровски го претрпеа третиот пораз додека со овој триумф словаците направија уште еден чекор напред кон пласман на ЕП.
Фото : Екипа.мк
Мх.П.