Шведската репрезентација против Данска ја забележа првата победа во групата која широко им ги отвара вратите за пласман во наредната фаза од Европското првенство. Наспроти нив селекцијата на Македонија претрпе убедлив пораз на премиерата на ЕП од Франција.


Мечот со швеѓанките за македонската репрезентација ќе биде клучен за понатамошниот развој во групата. Една од најискусните ракометарките во шведскиот состав, Линеа Торстерсон за “Екипа.мк“ изјави – Не очекував дека Македонија ќе изгуби со толку голема разлика од селекцијата на Франција. Ние мораме да се сме задоволни од победа над Данска, но сеуште ништо не е решено. Затоа со Македонија ќе влеземе претпазливо бидејќи слушнавме дека на мечот против нас ќе допатуваат и нивните фантастични навивачи кои безпоштедно ќе ги бодрат репрезентативките.

Натпреварот од групата Б помеѓу Шведска и Македонија е на програмата в четврток со почеток во 18:15 часот.

Мх.П.