Натпреварот со “викинзите“ е една од двете шанси за македонската “фаланга“ да ја обезбеди победата која ќе донесе пласман во следната фаза од ЕП.
– На тренинзите се фокусиравме на одбраната и брзото развивање на контранапади. Швеѓанките имаат брз контранапад, затоа поработивме на тоа поле. Како селекција ние сме поквалитетни, ја имаме Јулија Николиќ која е светски ракометен калибар и со помош од Мирјета Бајрамоска во нападот и добра одбрана заедно да се радуваме на првата победа на ЕП- истакна селекторот на Македонија, Гино Стрезовски.
Шведска на дуелот со Данска кој им припадна со 27-26 покажа невидена стабилност во играта и кога губеа со пет разлика. Швеѓанките на мечот со Македонија ќе атакуваат на втората победа и пласман во наредната фаза.
Во вториот натпревар од групата Б ќе се сретнат селекциите на на Франција и Данска во вечерниот термин 20:15 часот.