Македонската ракометната репрезентација забележа лесна и убедлива победа 26-17 (15-8) над Швајцарија во петтата рунда од квалификациите за Европското првенство во Полска.


Избраниците на македонскиот селектор одиграа квалитетен и пред се храбар натпревар без недоволно заздравениот Кирил Лазаров и отсутниот Наумче Мојсовски.

Иако македонскиот состав натпреварот го играше како гостин, сепак црвено-жолтата преовладуваше на трибините што пак беше мотив повеќе за ракометарите.

Прв стрелец во екипата беше капитенот Лазаров со пет погодоци, но тој ги изведуваше само пеналите. Замената за македонскиот бомбардер Влатко Митков постигна четири исто колку и Столе Стоилов. Свој ден на голот имаше Борко Ристовски, кој собра 15 успешни интервенции.

После победата над Швајцарија се е во рацете на нашите репрезентавици кои со победа против Чешка во „Борис Трајковски“ во последната рунда од квалификациите обезбедуваат пласман на ЕП.

Мх.П.