Селекцијата на Македонија ја изгуби втората позиција на табелата после поразот од Полска (1-0) и победата на Израел (3-0) над Латвија во третата рунда од квалификациите за пласман на Европското првенство следната година.
„Црвено жолтите“ на домашен терен претрпеа несреќен пораз од Полска, додека Израел лесно и убедливо ја совлада Латвија 3-0. Прва победа во квалификациите забелажа Австрија која со 1-0 славеше против Словенија на „Ернст Хапел“ стадионот во Виена.
Израел со трите бодови од гостувањето кај Латвија ја симнаа Македонија од втората позиција, додека Австрија и Словенија си заменија местата а последнопласирана остана Латвија.
Резултати: Австрија – Словенија 1-0, Македонија – Полска 0-1, Латвија – Израел 0-3
Табела: Полска 9, Израел 7, Македонија 4, Австрија 3, Словенија 2, Латвија 0
Двојки 4-та рунда: Македонија – Австрија, Латвија – Словенија, Полска – Израел
OhridNews