Фудбалската А селекцијата в четврток против Луксембург (20:45ч) ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за Европското првенвство во Франција 2016 година.

Фаворитската улога им припаѓа на македонските репрезентативци кои најавуваат дека само победа е во нивните мисли.

– Луксембург не е повеќе наивна репрезентација како порано кога играа аматери. Ремито со Белорусија е доволен показател за нив, но, ние без разлика мислиме само на триумф и ништо друго – рече Александар Трајковски.

Во премиерниот натпревар од квалификациите А репрезентација претрпе пораз од Шпанија 5-1, а Луксембург е шанса за први бодови во групата.

Мх.П.