Селекциите на Русија и Велс ги забележаа првите победи на Европското првенство, совладувајќи ги Финска со 1-0 односно Турција со 2-0, во втората рунда од фазата по групи.

Русите во првиот денешен натпревар со погодок во судиското продолжение од првиот дел ја обезбедија победата над Финска. За „зборнаја“ прецизен беше Алексеј Миранчук.

Велс, пак, со по еден погодок во двете продолженија ја реши Турција. Во првото полувреме реализираше Арон Ремис, а во второто стрелец беше Конор Робертс. Велс со четири бодови речиси обезбеди пласман во нокаут фазата, додека турците во последната рунда ќе бркаат победа и евентуален билет за 1/8 финалето.

Денешната програма ќе се комплетира со натпреварот на „Олимпико“, помеѓу Италија и Швајцарија. Мечот е закажан во 21 часот.

OhridNews