Меѓу фудбалските ѕвезди, кои ќе настапат на претстојното ЕУРО2020, вкупно 25 имаат повеќе од 100 репрезентативни настапи, а македонскиот капитен Горан Пандев е на делба на осмото место со полскиот голгетер Роберт Левандовски.

Од дебито во македонскиот дрес во 2001 година во мундијалските квалификации против Турција, Пандев собра 118 настапи во националниот дрес и постигна 37 голови, вклучувајќи го и историскиот против Грузија во баражот за пласман на Европското првенство.

Од фудбалерите, кои се очекува да настапат на ЕУРО2020, најмногу одиграни натпревари во националниот дрес има португалскиот капитен Кристијано Роналдо.

  • Топ 10:

1, Кристијано Роналдо – 173

2. Лука Модриќ – 137

3. Жоао Мутињо – 130

4. Себастијан Ларсон – 128

5. Марек Хамшик – 126

5. Јан Вертонген – 126

7. Серхио Бускетс – 122

8. Горан Пандев – 118

8. Роберт Левандовски – 118

10. Пепе – 113.

OhridNews