Селекцијата на Романија по втората победа во вториот натпревар ги пакува куферите и се сели во Охрид, во М1 групата.

Романија до втората победа во групата стигна откако со 30-25 (17-13) ја совлада Франција.

Ремито 26-26 против Унгарија беше доволно за Данките да обезбедат учество во главната рунда.

Која ќе биде третата селекција која ќе игра во М1 групата во главната рунда во Охрид, ќе биде познато по директниот дуел помеѓу Франција и Унгарија. Во останатиот натпревар играат Данска – Романија.

М.П.