Македонската фудбалска репрезентација стартуваше со подготовките за натпреварите со Луксембург и Украина во рамките од квалификациите за Европското првенство во Франција 2016 година.

Селекторот на Македонија, Бошко Ѓуровски на располагање ги има сите репрезентативци кои се најдоа на списокот. Фокусот е потенциран на мечот со Луксембург кој ќе биде прв на „Филип Втори“ во новиот циклус за „црвено жолтите“.


– Мислите ни се насочени само кон Луксембург. Кога ќе заврши тој натпревар ќе почнеме да размислуваме за Украина. Победата е наша цел без никакво двоумење. Но, никако не смееме да го потцениме Луксембург и уште сега да ги впишиме трите бодови – рече селекторот Ѓуровски.

Македонија на стартот од квалификациите за ЕП претрпе пораз од Шпанија 5-1, а Луксембург ремизираше 1-1 со Белорусија на домашен терен.

Фото : „Екипа.мк“
Мх.П.