Репрезентацијата на Македонија, вечерва, со почеток во 20 часот и 45 минути во шестата рунда од квалификациите за пласман на Европското првенство следната година силите ќе ги одмери со Летонија. Само победа е опција за „рисовите“ со последнопласираната селекција во групата Г за приклучок во трката за место погоре на табелата.

  • Знаеме каков квалитет имаат летонците, но важен ни е нашиот настап. Ако мислиме премногу на нашиот ривал, си ги компликуваме работите. Затоа, мислиме како ние да одиграме најдобро. Очекувам многу од самиот себе, па потоа да се ставам во својство на тимот. Еден инвидуалец не може ништо без тимот. – изјави офанзивниот фудбалер Иван Тричковски.

„Црвено жолтите“, во првиот натпревар од групната фаза ја совладаа Летонија со 3-1 а уште еден триумф ќе дојде супер во пресрет на завршницата од квалификациите.

Во преостанатите мечеви од групата Г ќе се сретнат Полска – Австрија односно Словенија – Израел.

Лидер на табелата е Полска со 12 бодови. Второпласирана е Австрија со 9, а третото и четврото место со ист број на поени (8) го делат Словенија и Израел. Македонија со 5 бодови е петта додека Летонија е на дното без бодови.

OhridNews