Без голови и без победник заврши островското дерби, помеѓу Англија и Шкотска, кое се одигра на „Вембли“, во рамките од втората рунда во групната фаза на Европското првенство во фудбал.
Пресметката помеѓу лутите ривали иако заврши со празни мрежи изобилуваше со шанси на двете страни. Првата ја имаа англичаните, но ударот со глава на Џон Стоунс заврши во стативата. На спротивната страна шкотите се заканаа преку Стефан О`донел, кој биеше прецизно, но не успеа да го совлада Џордан Пикфорд. Во втирот дел, повторно на двете страни имаше шанси, но погодок изостана, што резултираше со реми без голови и поделба на бодовите.
Без победник заврши пресметката Хрватска – Чешка (1-1), што ги остави сите карти отворени во пресрет на последната рунда во Д групата. Во третото коло Англија ќе се судри со Чешка, а Шкотска со Хрватска.
- Резултати:
Англија – Шкотска 0-0
Хрватска – Чешка 1-1
Шведска – Словачка 1-0
OhridNews