Реномираниот англиски спортски медиум „Скај спортс“ го прогласи победничкиот погодок на Бесарт Абдурахими за „гол на ноќта“ во воведните натпревари од втората рунда во квалификациите за ЕП.


Македонскиот репрезентативец во втората минута од продолжението постигна маестрален погодок надвор од 16-те метри со кој донесе победа за „црвено жолтите“ на мечот со Луксембург 3-2.

Исто така фантастичен погодок реализираше Александар Трајковски, но, поради важноста на голот од Абдурахими тој се најде на насловните страни.

 

Мх.П.