Македонската фудбалска репрезентација квалификациите за Европското првенство во Франција ќе ги започне на осми септември против Светскиот и Европскиот првак, Шпанија на гостински терен.


По дуелот со „црвената фурија“ македонската репрезентацијата ќе се сретне со аутсајдерот Луксембург потоа гостуваме во Украина, па на домашен терен ги пречекуваме Словачка и Белорусија.

– Лошо е што квалификациите ги започнуваме против Шпанија, но ние ќе очекуваме бодови од другите натпревари. Дуелот со Шпанија не треба премногу да не импресионира бидејќи тие се фаворити не само во групата туку и во целиот овој циклус – рече селекторот Бошко Ѓуровски.

Комплетниот распоред на Македонија :

1. рунда Шпанија – Македонија (8. септември 20.45 ч.)

2. рунда Македонија – Луксембург (9. октомври 20.45 ч.)

3. рунда  Украина – Македонија (12. октомври 18 ч.)

4. рунда Македонија – Словачка (15. ноември 20.45 ч.)

5. рунда Македонија – Белорусија (27. март 2015 год. 20.45 ч.)

6. рунда  Словачка – Македонија (14. јуни 2015 год. 20.45 ч.)

7. рунда Луксембург – Македонија (5. септември 2015 год. 18 ч.)

8. рунда Македонија – Шпанија (8. септември 2015 год 20.45 ч.)

9. рунда Македонија – Украина (9. октомври 2015 год. 20.45 ч.)

10.рунда Белорусија – Македонија (12. октомври 2015 год. 20.45 ч.)

Директен пласман на ЕП во Франција обезбедуваат двете првопласирани селекции и најдобра трета од сите групи, а останатите третопласирани репрезентации ќе играат бараж средби за „европска виза“.

Мх.П.