Репрезентацијата на Црна Гора го направи едно од најголемото изненадувања на Европското ракометно првенство. Попладнево во Будимпешта, Црногорците забележаа триумф над фаворизираните Хрвати со 32:26.
Ова е трета победа за Црна гора на ЕП и прва во Главната рунда. Претходно во прелиминарната фаза беа совладани Словенија и Македонија. Од Групата-1 до крајот на денот ќе се сретнат: Франција – Холандија и Данска – Исланд. Во Групата-2, Шведска ја победи Русија со 29:23. Денес уште играат: Германија – Шпанија и Полска – Норвешка.
OhridNews