Напаѓачкиот фудбал е повторно во “шема“. По комплетнот првото коло од 13 -то ЕП повеќе од
очигледно е дека екипите кои се дојдени да креираат, а не да ја рушат играта на противникот
подобро поминуваат, барем засега. Ниту една од екипите кој дојде во Австрија и Швајцарија
со надеж дека со три нерешени 0-0, ќе оди понатаму како стојат работите нема да го види 1/4
финалето.

Домаќините немаа среќа во првите натпревари. Чесите се покажаа како нељубезни гости, а за
тоа што чувствува “швајцарците“ најдобро кажуваат солзите во очите на капитенот Фрај(кој ќе
го пропушти остатокот од ЕП) .

Во А групата офанзивно расположената Португалија, се намачи со турците кои не ни помислија
на голот на Рикардо и во текот на 90 минути упатија само еден удар. Дефанзивната филозофија
не ги спаси.
Немаше среќа на стартот ниту ко-домаќинот Австрија. Невнимателниот старт на почетокот на
мечот се покажа кобен. Беа поразени со голот од единстевниот пенал во првото коло. Сигурен
реализатор беше Лука Модриќ.интересно но освен ударот од пенал, ниту еднаш во продолжението на мечот “коцкастите“ немаа удар во рамките на голот. Наредниот нивни противник во групата и најголемиот фаворит според обложувалчниците, Германија, одигра меч речи си без грешка.

Делимично групата на смртта го оправда епитетот. Ако франција и Романија одиграа натпревар
за заборав,кој можеби ништо нема да одлучува на крајот. тогаш нивните противници во групата
прикажаа атомски фудбал. Портокаловата игра беше уште една потврда за тоа дека напаѓачкиот фудбал ќе доминира на ова ЕП. Не само што не успеаа да се одбранат аѕурите него како мали деца во првиот дел си поигруваа “лалињата“. Отако видоа дека неможат да се бранат,
светските прваци се отворија.Се надигруваа но по серијата промашувања, молњевитата контра
ги пресече. Сепак има уште многу да се игра во оваа група.

Наградата за отворениот, брз,динамичен фудбал, стигна за “фуријата“ која ги збриша Русите.
Најави Арагоњес дека тие немаат екипа да се бранат логично на секој меч ќе тргнат да дадат
гол повеќе. Фернандо “ел њињо“ Торес се стави во втор план овозможувајќи му на ВИља да
размавне со своите квалитети.
И за крај најдоброто Ибракадабра ! ! Цел час европскиот првак Грција се бранеше и
фрустрирачки ги задржуваше “викинзите“ но токму Ибрахимовиќ (една од звезедите не овај
шампионат) ја покажа својата големина,решавајќи го мечот со еден потег. “опали“ по топката
и мечот го заврте во нивна корист.
по осумте одиграни меча офазивниот фудбал има предност, што само може да наговестува
интересни натпревари, бидејќи како одминува времето ќе им гори под нозете на фудбалерите.

Збор два и за судиите.
во првото коло беа покажни . . жолти картони, немаше црвени ,а досуден беше само еден
пенал. Имаше и тоа како контраверзни одлуки. Голот на Нистелрој е регуларен, само поради тоа што помошникот судија ја оценал позицијата на Панучи кој се превиткуваше во рекламите за
активна??
Холанѓанецот Винк, немаше храброст да го исклучи Погатец на мечот Австрија – Хрватска, иако
сите го видоа прекршокот кој сам по себе беше за црвен, а не за жолт. Но Винк не се одлучи
ни за жолт.
Првиот гол на Подолски, на мечот Германија – Полска беше постигнат од офсајд позицја,
бидејќи ви почетокот на акцијата асистентот Клосе беше во недозволена позиција. и за крај не одлучувачки но четвртиот гол на Шпанија кој беше дело на Фабрегас исто така
беше постигнат од нерегуларна позиција. Некои одлуки не го сменија текот на мечот, но некои
и тоа како влијаеа на конечниот исход.