По првто коло од мечевите на ЕП, еве што велат бројките :

Листата на стрелци со три погодоци ја предводи Шпанецот Давид Виља , два погодока постигна Лукас Подолски (Гер)

Најдобар додавач е Дирк Кујт(Хол) кој на два пати асситираше на своите сооиграчи во победата над Италија.

Најмногу удари кон противничкиот гол упати репрезентацијата на Шпанија 21. Четири од нив завршија во голот, 12 во рамките на голот, додека пет покрај голот.

Играч со најмногу удари кон голот е најдобриот стрелец на ЕП Давид Виља. Напаѓчот на Валенсија шест пати биеше кон голот на Акинфеев. Три пати прецизно, еднаш покрај голот и двапати поуспешен беше Русинот.

Најмногу одбранети удари по првото коло имаше Рускит голман Акинфеев (12) пред Буфон (9).

Удари од аголот по седум изведоа Хрватите и Португалците.

Напаѓачот на Турската репрезентација Санли Тунчај најчесто беше во офсајд позиција, три пати.

Најгрубо во првото коло играа турците кои направија дури 24  прекршоци. Сепак играч кој направи најмногу прекршоци, шест, е Давид Виља. Играчи кои беа најчесто фаулирани, по шест пати, се Хрватот Дарио Срна и русинот Жиронов.

Судиите покажаа 24 жолти картони, а немаше црвен. Досуден беше еден пенал кој во гол го претвори Лука Модрич.

МВП во првото коло е Шпанецот Давид Виља.

М.Постоловски