Пријателството и почитта помеѓу Кристијано Роналдо и Карим Бензема и комичниот „авто-гол“ на словачкиот голман Дубравка ги одбележаа синоќешните мечеви на Европското првенство.
Роналдо и Бензема иако во различни дресови покажаа меѓусебен респект, правејќи мубает во текот на целиот натпревар. Португалецот и Французинот ја делеа соблекувалната во Реал Мадрид, а почитта останала и покрај разделувањето. Роналдо и Бензема покажаа и докажаа зошто се игра фудбал и каков импакт има спортот.
Дубравка, пак, си обезбеди место помеѓу најсмешните видео инсерти на ЕП. Словакот со комичен „авто-гол“ и помогна на Шпанија да поведе со 1-0 и на крајот убедливо со 5-0 да го добие натпреварот. Претходно, Дубравка успешно се справи со Мората, одбранувајќи му го ударот од белата точка.
На ЕП денес и утре има пауза, а мечевите продолжуваат в сабота со дуелите од 1/8 финалето.
OhridNews