Македонската фудбалска репрезентација без Марио Ѓуровски и Аријан Адеми ќе и се спротистави на белоруската селекција в петок на „Филип Втори“ во рамките од квалификациите за Европското првенство во Франција.
Марио Ѓуровски, кој требаше да биде повратник во А селекцијата се повреди на последниот натпревар пред доаѓањето во Македонија. Фудбалерот за врска Адеми се здоби со повреда додека настапуваше за Б тимот на Динамо.
– Проблеми како проблеми, но не се големи. Нормално е за една репрезентација да има вакви работи. Играчите се повредуваат и кого нема без секого се може и се мора. Утре имаме два тренинга и се надевам дека сѐ ќе биде по зацртаниот план. – рече селекторот Бошко Ѓуровски.
„Црвено жолтите“ од четвртата позиција ќе го пречекаат ривалот во петтата рунда од Евроквалификациите.
– Ние мораме да одиграме сконцентирарно со играчи кои ќе бидат 100 отсто психички и физички подготвени за игра. Сите се свесни за тоа што не очекува и се надевам дека и после овој меч ќе останеме пред Белорусија и Луксембург на табелата. – додаде селекторот, а пренесува „Спортмедиа“.
Македонија има скор од една победа и три порази додека Белорусија, која се наоѓа една позиција подолу има три порази и реми.
Мх.П.