Настапот на еден од најзначајните ракометари во македонската селекција Филип Миркуловски против Чешка во последниот кваликациски натпревар е доведен под знак прашалник по повредата на листот од ногата.


Популарниот „жути“ почуствувал силна болка под коленицата иако во моментот немал дуел со некој друг ракометар.

Деталните прегледи во текот на денот ќе покажат дали се работи за сериозна повреда, која ќе го „отпише“ Миркуловски од мечот со Чешка в недела во 17:45 часот.

Поранешниот ракометар на Металург се огласи и преку својот официјален фејсбук профил каде напиша : – Мускулот на мојата десна нога не изгледа воопшто добро. Спортот колку е убав, уште толку знае да ти нанесе болка кога повредите доаѓаат кога најмногу му требаш на колективот. Посакувам пласман момци.

Повредата на Миркуловски само ги зголеми главоболките на селекторот Ивица Обрван, кој не може да смета на Наумче Мојсовски, Ренато Вугринец и на капитенот Кирил Лазаров, кој е ровит по повредата во финалето од Лигата на Шампиони.

Ohridnews