Новиот предводник на „рисовите“, Агим Ибраими поради повреда ќе го пропушти мечот со Украина во третата рунда од квалфикациите за Европското првенство во Франција.
Ибраими во паузата од полувремињата ја напушти играта поради повреда на тетивата.
На неговото место влезе Бесарт Ибраими, кој подоцна беше херој погодувајќи за победа во последните минути од мечот.
Тој воопшто нема да отпатува со националниот состав во Украина туку ќе се врати во екипата на Марибор.
Мх.П.