Евро бразилиците предвoдени од Кристијано Роналдо и Деко (двајцата постигнаа по еден гол и асситенција) со една нога се во нок аут фазата.

На првиот натпревар во второто коло од А групата на стадионот во Женава, Португалија ја совлада Чешка со 3-1. Португалците преку Деко во осмата минута дојдоа во предност. Десетина минути подоцна на 1-1 израмна Сионко, резултат со кој се замина на одмор.

Подобрата игра во второто полувреме Португалците ја крунисаа со два гола. Роналдо на додавање на Деко ја доведе Португалија одново во водство овај пат 2-1.

Чесите фрлија се` на една карта и во судиското надполнување, Роналдо изби сам пред Чех му сервираше на Кварезма за конечни 3-1.

М.П.