Португалката Александрина Барбоса со 26 гола ја предводи листата на стрелци на Eвропското првенство.

Веднаш зад неа е Србинката Лекиќ со 24, но репрезентациите на овие две ракометарки ги завршија натпреварите па малку веројатно дека ќе ги задржат овие места.

Трета на оваа листа е Унгарката Анита Горбиќ, додека со 20 постигнати гола Јулија Портјанко се наоѓа на 4 – то место.

Топ пет листата ја заокружува Реина Шјумте од Украина.

ohridnews