Почетокот на мечот не наговестуваше добра престава на “делфините“, кои по осум минути игра имаа негатива од 2-0, Грција предноста ја стекна со погодоците Миралис и Доскас.
Истите ватерполистите Доскас и Миралис повторно беа прецизни за Грција, додека “мразот“ го скрши Мишиќ, а на полувремето Македонија замина со “минус“ четити односно 5-1.
Третата четвртина помина мирно во однос на головите (1-1), “делфините“ започнаа агресивно во одбраната, таквата игра ја наплати Ранџиќ од пенал. До крајот на третиот дел грците одолеваа од нападите, а со вториот гол Миралис зголеми на 6-2.
Во последниот квартет, избраниците на Гочанин фрлија на една карта, нападот, таквата игра остаде многу простор за Грција која преку Миралис, Доскас, Кокинакис и Милонакис ја полнеа мрежата на Перчиниќ. Се што пропуштија “делфините“ во целиот натпревар, го капитализираа во последните минути од мечот постигнувајќи три погодоци во низа преку Миловановиќ, Димовски и Белиќ за конечни 10-6.
Следен противник на Македонија на ЕП, е Унгарија која е апсолутен фаворит во нашата група.