Македонскиот репрезентативен фудбал доживеа тежок срам откако претрпе пораз 1-0 од далеку послабата селекцијата на Луксембург во квалификациите за Европското првенство во Франција 2016 година.
„Црвено жолтите“ имаа повеќе од играта и створија повеќе шанси, но домаќините со еден погодок во финишот од мечот ја осигураа првата победа во квалификациите.
Исходот од мечот ќе беше многу по различен, ако помошниот судија не го поништеше регуларниот погодок на Леонард Жута и Абдурахими погодеше од белата точка.
Македонските фудбалери останаа со три бодови освоени токму по победата над Луксембург на „Филип Втори“.
Ohridnews