Потегот на Кристијано Роналдо кој тргна флаша од „Кока Кола“ од масата и стави вода го следат францускиот репрезентативец Пол Погба и Мануел Локатели.
Погба од масата на средбата со медиумите после победата на Франција над Германија тргна флаша од пивото „Хајнекен“, додека Локатели кој со два погодоци беше херој на „азурите“ во триумфот над Швајцарија (3-0) тргна амбалажа од „Кока Кола“.
Фудбалерите против алкохолот и газираните сокови.
OhridNews