Македонските ватерполисти со убедлив триумф над Турција 16-4 го отворија ЕП во Холандија. “Црвено жолтите“ ги прокнижија првите бодови во групата во која се наоѓаат Холандија, Италија, Грција, Унгарија и Турција.
Во првиот натпревар од групата, Турците поведоа со 1-0, потоа на сцена стапија избраниците на Гочанин кои од минута во минута го толчеа противникот. Првата третина “делфините“ ја заврши со предност од 3-1.
Втората и трета четвртина поминаа во симултанка на Македонија, ватерполистите ја наполнаа мрежата до врв на Турците а во последниот квартет концентрацијата во одбраната се намали, а Турција со двата погодоци во низа го постави конечниот резултат.
Наредниот натпревар Македонија го игра утре со лутиот ривал Грција, мечот е закажан во 13 часот во Ајндховен.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com