Македонските ракометни надежи со победа над Италија 24-22 ги започнаа квалификациите за престојното Европско првенство.

До победата надежите стигнаа со констатна добра игра во текот на целиот натпревар. Триумфот ќе беше изразен со поголема разлика на семафорот, но италијаните го искористија опуштањето во финишот и го ублажија поразот.

Во втората рунда избраниците на селекторот Зоран Петковски ги очекува клучниот натпревар со Грција откако нашиот јужен сосед триумфираше против Исланд.

Фото : Екипа.мк
Мх.П.