Чешката селекција освои злато вредни три бодови, совладувајќи ја Шкотска на „Хемпден Парк“ во Глазгов со 2-0 (1-0), во вториот натпревар од првата рунда во групата Д.

Таличен за чесите беше Патрик Шик, кој ги постигна двата голови. Фудбалерот на германски Баер Леверкузен реализираше во финишот од првиот и почетокот од вториот дел. Посебно за издвојување е вториот погодок на Шик, кој фудбалерот го постигна со лоб удар од половина терен.

Со триумфот на „Хемпден Парк“ Чешка широко си ги отвори вратите за пласман во елиминациска рунда, додека Шкотска немаше посакуван почеток, бидејќи изгуби на домашен терен.

Во следната втора рунда Чешка силите ќе ги одмери со Хрватска, додека Англија и Шкотска ќе се сретнат во големото островско дерби на „Вембли“.

OhridNews