Фудбалската репрезентација на Македонија претрпе нов пораз овој пат од Шпанија 1-0 во квалификациите за Европското првенство во Франција следната година.


„Црвената фурија“ до трите бодови стигна со голема помош од голманот и капитенот на Македонија, Томе Пачовски кој реагираше неспретно во 8-та минута по центаршутот на Хуан Мата.


Седмиот пораз во осмиот натпревар во квалификациите за ЕП ја закова Македонија на дното на табелата со три бодови. „Црвено жолтите“ имаат два натпревари пред себе да го поправат овој поразителен пласман кој ќе биде најлош во историјата на македонскиот фудбал.

Мх.П.