Фудбалерот на Милан, Криштоф Пјонтек беше џокер на Полска во минимална победа над Австрија (1-0) на преполниот стадион „Ернст Хапел“ во Виена. Голгетерот погодокот вреден победа и три бодови го постигна после три минути, откако влезе во игра.
Во преостанатите два натпревари во групата Г, Македонија славеше со 3-1 над Летонија, а Израел и Словенија ги поделија бодовите ремизирајќи 1-1.
Резултати: Австрија – Полска 0-1, Македонија – Летонија 3-1, Израел – Словенија 1-1.
Табела: Македонија 3, Полска 3, Израел 1, Словенија 1, Австрија 0, Летонија 0
Двојки 2.коло: Израел – Австрија, Полска – Летонија, Словенија – Македонија
OhridNews