Македонскиот атлетичар Јован Стојоски не се прослави на Европското првенство во сала во Торун, Полска, завршувајќи на последната позиција во дисциплината 400 метри.
Стојоски делницата на 400 метри ја помина за време 48,6 секунди, што не беше доволно за некој забележителен резултат. Сепак, мора да се напомене дека Стојоски трката ја стартуваше добро, се додека на се судри со Италијанецот Бенат Лоренцо. Стојоски потоа го загуби чекорот и не успеа да се врати во трката.
Атлетичарот на Охрид беше единствен претставник од Македонија, откако поради позитивен тест на коронавирусот од комбинација отпадна Дарио Ивановски.
OhridNews