Репрезентацијата на Литванија триумфираше на Европското првенство за кошаркарки до 16 години кое се одржуваше во Охрид и Струга.
Во финалниот натпревар Литванија со 80-74 ги совладаа своите ривалки од Белорусија и го освоија медалот со златен сјај.
Борбата во финалето беше тешка, рамноправна и неизвесна до самиот крај од мечот, кој го проследија околу 1000 гледачи во охридската арена „Билјанини Извори“.
Литванките доминираа во првото полувреме додека белорусинките на исти начин одговорија во вториот дел по што мечот замина во продолженија.
Со ефикасна игра во нападот и агресивен пресинг во одбрана литванките лесно ги добија противничките во продолжението и го освоија златниот медал.
Мх.П.