Европскиот првак Норвешка ремизираше 21-21 (9-7) со селекцијата на Шпанија.

Натпреварот во “Билјанини Извори“ помина во одлична атмосфера, која потсети дека во Охрид се играат натпревари од ракометното Eвропското првенство.

Резултатски неизвесен беше натпреварот, во кој ниту една од екипите не направи опиплива предност. Норвежанките на стартот на вториот период се одлепија на 15-12, но упорните Шпанки успеаа да се вратат од негативата.

Во финишот при резултат 20-18, евро првакот не реализираше напад по кој “црвената фурија “набрзина израмнi.

Во последната минута двете екипи имаа по еден напад но не успеаја да погодат за победа.

М.П.